Денеска во Охрид битка за финале

Фото: ГРК Охрид

Охридскиот турнир се ближи кон крајот, остануваат уште два натпреварувалки денови. Денеска се играат натпреварите што ќе ги одлучат финалистите, а реални се шансите по втор пат за десет дена за пехар да се борат екипите на Охрид и Вардар.
Вардар го совлада тимот на Нексе, Тримо Требње беше подобар од Олимпијакос и денеска екипите на Иван Чупиќ и Бранко Тамше ќе играат меч за пласман во финалето. Улогата на фаворит ќе ја има македонската екипа без оглед на фактот дека на овој турнир настапуваат без неколку важни играчи (Лазаревски, Бомаштар, Митровиќ).

Веднаш по тој дуел на програмата е пресметката меѓу екипите на Охрид и Загреб. Победниците од двата најавени дуела утре ќе играат за победничкиот пехар.

Сите три денешни натпревари ќе бидат директно пренесувани на каналот Арена М2 Премиум.


21 АВГУСТ
16:30 Нексе – Олимпијакос - Арена М2 Премиум.
18:45 Вардар 1961 – Требње - Арена М2 Премиум.
21:00 ГРК Охрид – Загреб - Арена М2 Премиум.