Супер Куп ќе се игра во Гевгелија

Ракометната федерација на Македонија ја одреди Гевгелија за град домаќин на Супер Куп натпреварот со кој официјално ќе почне новата сезона во Суперлигата.
Екипите на Вардар и Охрид ќе се борат за првиот официјален пехар во новата сезона.

Новата ракометна сезона започнува со натпреварот за трофејот во Супер Купот на Македонија за 2026 година.
Во среда, на 2 септември, во Спортската сала „26-ти Април“ во Гевгелија, силите ќе ги одмерат екипите на РК Вардар 1961 и ГРК Охрид. Двете екипи ќе се борат за првиот трофеј во новата сезона, во натпревар кој е закажан со почеток од 19:00 часот.
Информациите за продажбата на билетите, како и линкот за онлајн купување, ќе бидат дополнително објавени.
Ве очекуваме во Гевгелија на уште еден голем ракометен настан!