Висла ослабена против Вардар


Екипата на Висла Плоцк остана без своето ново засилување, Фредерик Бјере, на подолг период. Фредерик Бјере ќе мора да паузира поради сериозна повреда на левото рамо. Според полски медиуми, данскиот репрезентативец треба да биде опериран во Барселона, а според досегашните проценки се очекува пауза од околу 2 до 3 месеци.
Висла Плоцк е противник на Вардар во Лигата на шампионите и на натпреварот што ќе се игра во октомври нема да може да смета на данското засилување.