Денеска ќе се делат медали во Прилеп

Денеска е последниот ден од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што се одржува во Прилеп. На годиншениот турнир учествуваат шест екипи, а беа поделени во две групи.
Во групата „А“ екипата на Прилеп го освои првото место откако славеше победи над екипите на Мулти Есенс и Младост Богданци и ќе игра во денешното финале.
Второто место го освои тимот на Мулти Есенс кој во меч со драматична завршница беше подобар од Младост Богданци и запиша победа од 30-29. Мулти Есенс денеска ќе игра за третото место, а екипата на Младост за петтото место.
Од групата „Б“, екипата на ГРК Тиквеш обезбеди пласман во финалето откако ги совлада екипите на Бутел Скопје, а потоа беше подобра и од екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Битолчани ќе играат за третото место откако беа подобри од Бутел Скопје.

Распоред на натпревари за пласман:

16:00 Бутел Скопје – Младост Богданци (меч за 5. место)
18:00 Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2 (меч за 3. место)
20:00 Прилеп – ГРК Тиквеш (финале)