Прилеп го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Фото: Меѓународен ракометен турнир Миле Нешкоски / Motion Media

Екипата на Прилеп се радуваше пред домашните навивачи во финалето на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Прилепчани во мечот за пехар беа посигурни и пофокусирани од ривалот ГРК Тиквеш и славеа победа од 36-29.

Третото место го освои екипата на Еурофарм Пелистер 2 која беше за три гола подобра од тимот на Мулти Есенс (32-29), а Столе Стоилов ја запиша првата тренерска победа на турнирот, во мечот за петтото место во кој неговиот Бутел Скопје го совлада Младост Богданци со 32-30.