Photo: SC Madgeburg
Екипата на Спортинг ја совлада Бенфика (31-24) во Супер Куп на Португалија и го освои седмиот пехар, четврти пат по ред. Спортинг доминираше над градскиот ривал и во еден момент имаше водство и од 13 гола разлика (22-9). Сето ова го постигна без помош од Мартим Кошта кој е повреден (за среќа на Спортинг не е сериозно).
Актуелниот германски шампион Магдебург беше импресивен во дуелот со финалистот на ЛШ, Фуксе Берлин во првиот официјален меч во Бундеслигата – Суперкуп натпреварот.
Магдебург славеше победа изразена со седум гола разлика 38-31, а таа е највисока разлика во Суперкуп во Германија во последните 20 години.
Шест години и девет месеци затворска казна доби 42 годишен крадец и измамник за повеќе извршени дела во Германија. Вкупно 26 кражби и 54 измами со кредитни картички има извршено престапникот, а во ракометна рубрика се најде затоа што во овие 26 кражби спаѓаат и две од клубот Фуксе Берлин кој бил олеснет за околу 24.000 евра. Но, не само тоа, тој е виновник за исчезнатиот (прв историски) шампионски пехар на Фуксе Берлин.
Да потсетиме овој „легендарен“ крадец провалил во канцелариите на Фуксе Берлин, украл пари и како што кажал на суд, заради забава им го скрил шампионскиот пехар во визба/подрум во клубот што ретко се користела. Пехарот случајно при чистење на визбата бил пронајден неколку месеци подоцна.