Потегот на сезоната е на Ловќен!

Црногорскиот клуб Ловќен е креатор на најубавиот момент во Регионалната лига. Потег што излегува од рамките и што потсетува дека ракометот е не е само игра, туку и култура на живеење.
Македонската ракометна легенда Боро Чурлевски (1965-2014) кариерата ја заврши во Ловќен со кого во сезоната 2000/01 стана првак на СР Југославија.
На своето прво официјално гостување во Битола, во салата која сега се вика „Боро Чурлевски“, ракометарите на Ловќен истрчаа со маички на кои имаше натпис:

Боро Чурлевски – Битола те памти, Ловќен не заборава.

Ова е потегот на годината, а беше вовед во натпреварот од Регионалната лига што заврши со убедлива победа на Еурофарм Пелистер од 45-33.