Алкалоид денеска против Ловќен

Денеска продолжуваат натпреварите од Регионалната лига, а на терен повторно ќе го видиме македонскиот тим Алкалоид. Екипата од Автокоманда немаше добро отворање на сезоната во Регионалната лига, и во следните натпревари ќе се обиде да го поправи впечатокот. 
До крајот на месецов, според програмата на РР-Лига, Алкалоид ќе ги одигра своите два натпревари со црногорскиот тим Ловќен. Првиот натпревар ќе се игра денеска со почеток од 19:00 часот во Автокоманда. 
Натпреварот ќе може да се следи преку Јутјуб каналот на РР-Лига.