Победија Кил и Берлин, Томовски во недела на терен

Екипите на Кил и Берлин победија на своите први натпревари во новата сезона во најсилната лига во ракометот – Бундеслигата.
Кил госовлада Лемго (35-27), на меч на кој новиот играч, Домен Макуц постигна пет гола, сите во вториот дел кога Кил го прекрши резултатот.
Берлин играше дерби меч со Мелзунген и го доби со 33-31, а во текот на натпреварот доминираше, особено во првиот дел во кој водеше и со осум гола разлика (17-9).

Единствениот Македонец кој ќе игра во Бундеслигата следната сезона е Мартин Томовски од екипата на Битенхајм. Деби мечот во новата сезона ќе го има во недела на гостински терен кај екипата на Вецлар.