ГРК Охрид денеска на второ гостување

Екипата на ГРК Охрид денеска ќе го одигра вториот натпревар на гостински терен сезонава. Охриѓани се без пораз во текот на целите подготовки, патем освоија два турнира, од кој вториот на кој беа и организатори против силни и звучни ривали.

Екипата на ГРК Охрид во Регионалната лига ја совлада Војводина, а славеа победа и на своето прво гостување, кај екипата на Будванска Ривијера (22-20) во Црна Гора.
Денеска одново ќе гостуваат, а ќе играат против тимот на Динамо Панчево од Србија.
Почетокот на натпреварот е закажан за 18:00 часот.