Photo: IHF/International Handball Federation
Франција е една од земјите каде што буџетите на клубовите се објавуваат и може да се следи нивниот раст и сите промени од сезона во сезона.
За претстојната сезона, буџетите на 12-те женски екипи во Франција изнесува 32,91 милион евра или 2,74 милиони евра просечно по клуб.
Таков е вкупниот просек, но буџетите не се така рамномерно распределни, па поединечно, екипата на Брест со 7,40 милиони евра е најбогатиот женски клуб, а го следи Мец кој годинава ќе потроши 5.9 милиони евра. Подиумот го комплетира тимот на Дижон кој има 3.6 милиони евра и овие три екипи имаат 50% од вкупниот буџет. Уште пет екипи се околу 2 милиони евра (Безансон, Стразбур, Париз 92, Сент Аманд и Шамбре. Најмалку пари има екипата на Стела Сент Мур која ќе потроши „само“ 1,36 милиони евра.
Од овие пари, вкупно 60% ќе бидат потрошени за плати, а тоа се 19.6 милиони или 1,65 милиони просек по клуб. Брест со 4,4 милиони евра ќе потроши најмногу за плати, а Мец е зад нив со 3.3. милиони.
Извор: Еconomic data transmitted to the CNCG, 2026-2027 season