По Атина и Кожани, машката сениорска репрезентација на Македонија ќе ја запознае и грчката Халкида. Грчката ракометна федерација го одбра теренот на кој Грција ќе ја пречека Македонија во квалификациите за ЕП 2028 што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија, а тоа е Халкида.
Халкида е новата ракометна база на Грција. Не е типична островска туристичка дестинација, туку средно голем грчки град на околу 80 км од Атина, со море, историја и живо секојдневие.
Ракометната сала „Tasos Kampouris“ е сала со среден капацитет, но и со сериозно меѓународно ракометно искуство.
- има организирано финале на ЕХФ Куп (АЕК – Истад, 2021)
- редовно е користена за натпревари на грчката машка репрезентација;
- има посетености од 900 до 1.250 гледачи за квалификациски натпревари;
Преглед на позначајните натпревари:
2023 Грција – БиХ (900 гледачи)
2024 Грција – Белгија (1.200)
2024 Грција – Грузија (1.000)
2025 Грција – Исланд (1.250)
2025 Грција – БиХ (528)
2026 Грција – Белгија (1.000)
2026 Грција – Холандија (900)
Натпреварот меѓу Грција и Македонија е закажан да се игра на 8 ноември, а претходно, на 4 ноември во Скопје, Македонија ќе ја пречека репрезентацијата на Луксембург. Во групата од која две репрезентации сигурно одат на ЕП е уште и репрезентацијата на Шведска.