Висла му зема еден пехар на Келце

Висла Плоцк го победи Келце (27-24) во Суперкуп на Полска и го освои сојот втор пехар по 2024. Полскиот шампион имаше проблеми со одбраната на Висла во која командантската улога ја презема довчерашниот играч на ГРК Охрид, Реј Ориол Моралес. Новите играчи на Келце, Фарук Јусуф, Лука Кларица и Жилиен Бос немаа ден и заедно постигнаа вкупно два гола. Но, новиот голман Дејан Милосављев (12 одбани) правеше разлика и натпреварот беше тесен, а победникот не можеше да се предвиди се до влегувањето во игра на Сергеј Косоротов кој постигна пет гола, сите во вториот дел и ја одведе Висла до првиот пехар. Добра партија имаше и новакот Фредерик Бјере кој се врати по повредата и постигна 6 (2) гола.
Висла Плоцк е противник на Вардар 1961 во Лигата на шампионите и во октомври ќе ги видиме на дуел со македонскиот првак.