Узунчев со четири гола во Суперкуп на Словенија, пехарот за Тримо

Фото: Меѓународен турнир Крсте Андоновски - Охрид 2026 /Денис Дуковски

Македонскиот интернационалец Димитар Узунчев постигна четири гола од седум обиди во Суперкуп дуелот меѓу неговиот нов клуб Целје Пивоварна Лашко и Тримо Требње. Димитар Узунчев остави добар впечаток, а играше само во првото полувреме.
Натпреварот заврши нерешено 30-30, а по изведување на пенали подобра беше екипата на Тримо Требње победи со 34-32 и прв пат во клупската историја го освои овој пехар.