Берлин добива пивот од Келце

Полскиот портал wKielcach.info категорично објавува дека според нивни информации францускиот пивтомен Тео Монар веќе потпишал договор со Фухсе Берлин и дека ќе се пресели во германскиот клуб по завршувањето на актуелната сезона. Монар во Берлин би отишол како слободен играч затоа што договорот му истекува следното лето. Полскиот медиум дополнително наведува дека Монар треба да го замени поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Мијајло Марсениќ.
Информацијата е преземена/поддржана и од други медиуми, иако сѐ уште нема официјална потврда од клубовите или ракометарот.