Блесок на Томовски за прва бундеслигашка победа

Македонскиот голман Мартин Томовски блескаше на стартот на новата сезона во Бундеслигата. Неговиот тим, Битегхајм гостуваше кај Вецлар во првото коло и одигра неизвесен натпревар во кој по голема борба успеа да ги освои бодовите и да запише победа од 35-33.

Мартин Томовски имаше 15 одбрани на својата повратничка премиера во Бундеслигата. Особено беа важни неговите три врзни интервенции во последните 12 минути по кои Битегхјм од резултат 27-26 се одлепи на 30-26 и му овозможи на својот тим помирно да влезе во завршницата во која постојано водеше со 2-3 гола разлика, до конечниот триумф.