Келце купи белоруски бек од РК Загреб

Фото: Денис Дуковски/Меѓународен турнир „Крсте Андоновски“ 

Според полски извори, екипата на Келце постигнала договор за трансфер на белорускиот лев бек Ихар Бјалоуски кој годинава настапува за екипата на Загреб и кого можевме да го гледаме на натпреварите на охридскиот меморијален турнир месецов.
Белорусинот имал повеќе понуди, меѓудругите и од екипата на Висла Плоцк, најголемиот ривал на Келце, што ја зголемува сатисфакцијата во Келце за добиената трка.
Трансферот би требало да се реализира во 2028 година, но најавено е дека Келце ќе се обиде да го доведе колку што може порано.
Имајќи ја предвид дологорчната пракса и неспорната способност на РК Загреб да купува-продава и во процесот добро да заработува, би рекле дека е мошне реално Бјалоуски порано да ги спакува куферите и од Загреб да се пресели во Келце.