Томовски и Волф на врвот по премиерата во Бундеслигата

Викендов стартуваше најсилната ракометна лига во светот, Бундеслигата, а таму оваа сезона ќе има (само) еден Македонец. Мартин Томовски е на голот на тимот на Битенгхајм, екипа што е повратник во најсилната конкуренција.
Битенгхајм во првото коло славеше победа на гостински терен над Вецлар (35-33), а Мартин Томовски имаше 15 одбрани.
Македонскиот голман заедно со легендарниот Андреас Волф од Кил се на врвот меѓу голманите по првото коло, со тоа што Волф своите 15 интервенции ги направи со нешто подбар процент.

Зад ова дуо што имаше по 15 одбрани се голманите на РНЛ, Давид Шпет со 12 одбрани, Робин Хуг од тимот на Хамбург со 11 интервенции, а во Топ 5 по првото коло е уште Даниел Ребман од екипата на Балинген со девет одбрани.