Биелецки за претседател, Суперкуп за Веспрем...

Фото: Silverije / Wikimedia Commons / CC BY-SA 4.0

Легендарниот полски ракометар Карол Биелецки (фото), според пишувањата на полските медиуми би требало да стане нов претседател на Келце. Информацијата сѐ уште не е потврдена официјално.

Екипата на Веспрем е победник на обновеното натпреварување Суперкуп на Унгарија. Тие во драматичен меч го совладаа Пик Сегед со 37-35 и станаа трикратен суперкуп победник на Унгарија.
Унгарскиот Суперкуп за мажи е основан во 2014 година. Првите две изданија се одиграа во 2014 и 2015, а потоа натпреварувањето не се одржуваше од 2016 до 2025 година. Годинава е повторно организирано, десет години по последното издание. Во сите три изданија играа Веспрем и Сегед и на сите три победи екипата на Веспрем.

Не минаа ни 24 часа од неофицијалната објава, а веќе е формално потврдено дека следната сезона пивотот Мијајло Марсениќ ќе замине од екипата на Фуксе Берлин, а на неговото место ќе дојде францускиот интернационалец Тео Монар. Српските медиуми шпекулираат дека поранешниот ракометар на Металург и Вардар, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во белградски Партизан.

Романската федерација со суспензија на 10 натпревари ги казни судиите Габриел Бадиу и Јоан Барбу, арбитрите од женскиот Суперкуп во кој играа Бистрица и ЧСМ Букурешт. Победи екипата на Бистрица со 40-38 по продолженија, но продолженијата не завршија на теренот туку ги имаше и во федерацијата.
По жалбата на ЧСМ, романската федерација констатираше:
“Погрешно применување на правилата на играта и останатите регулативи, кое директно влијае врз конечниот резултат на натпреварот или очигледно фаворизира една од екипите“.