Три од три за Е. Пелистер во Регионалната лига

Екипата на Еурофарм Пелистер ја запиша третата победа откако вечерва ја совлада српската екипа Дубочица со резултат 38-24. Гостите од Лесковац подобро отворија и поведоа со 4-1 и водеа до резултат 10-9.
Потоа битолчани почнаа подобро да играат, влегоа во серија и поведоа со 15-11 со што практично го решија победникот на натпреварот, уште во првото полувреме. На одмор се замина со резултат 17-13, а во второто полувреме имаше комплетна доминација на Е. Пелистер кој го доби второто полувреме со 10 гола разлика.
Особено беше изразена доминацијата на Еурофарм Пелистер по 45 минута кога направи серија од 11-2 и водството од 26-20 го претвори во плус ос 15 гола (37-22), за конечно мечот да заврши со триумф на македонскиот тим од 38-24.
Атанасијевиќ со 11 гола, следен од Кузмановски со 8 и Калајџиески со пет гола беа најефикасните ракометари во екипата на Е. Пелистер.