Црна Гора одбра нов селектор

Photo: RSCG

Ракометниот сојуз на Црна Гора се одлучи на селекторската позиција да го постави Зоран Рогановиќ. Тој се враќа на селекторската позиција на која беше од 2018 до 2023. Под неговото водство во 2022 Црна Гора го освои 11 место на ЕП, што е нивниот најголем успех.
Зоран Рогановиќ доаѓа на местото на Дидие Динар кој не се прослави на клупата на црногорската репрезентација и не му беше продолжен договорот. Во иднина тој ќе ја води репрезентацијата на Луксембург и ќе дебитира со неа во Скопје на 4 ноември.

Играчката кариера на Зоран Рогановиќ е главно поврзана со Шведска каде е рекордер по постигнати голови. Неговиот помлад син Никола, важи за еден од најголемите европски таленти и тој е веќе репрезентативец на Шведска. И неговиот постар син, Марко исто така е ракометар, а се одлучи да биде голман.

Зоран Рогановиќ во еден краток период, дојде како позајмен играч во Вардар, а поранешен играч на Вардар ќе биде задолжен и за координација во младинските категории. Таа обрска ќе ја преземе Васко Шеваљевиќ.