Француската лига „тежи“ 100 милиони евра

Машката LNH лига во Франција, нивното елитно клупско натпреварување следнава сезона финансиски ќе вреди безмалку 100.000.000 евра.
Објавен е новиот Médiaguide LNH за сезоната 2026/27, со буџетите на сите 16 клубови во Daikin Starligue. Податоците се тие што се официјално доставени до CNACG - Националната комисија за контрола и управување на француската професионална ракометна лига. Во пракса, CNACG има задача да ја следи финансиската и административната состојба на професионалните клубови во Франција.

Пари Сен Жермен со буџет од 18 милиони евра, 6% повеќе од ланската сезона е на првото место, а го следи Нант кој сеонава има буџет од 12.47 милиони евра.

За разлика од женската лига каде што над 60% од буџетите на клубовите се трошат за плати, во машкиот ракомет, таа бројка е значително помала (43%). ПСЖ на пример од своите 18 милиони, за плати на ракометарите ќе потроши нешто помалку од 8 милиони. Нант за истата цел ќе потроши околу 4.65 милиони евра, а Монпеље 3,4 милиони евра.
Најмалку пари за плати ќе издвои Каен (1.08) од вкупниот буџет на клубот кој изнесува 4.12 милиони евра.


1. PSG 18,03 M€
2. Nantes 12,47 M€
3. Montpellier 9,41 M€
4. Nîmes 5,79 M€
5. Limoges 5,74 M€
6. Chambéry 5,15 M€
7. Aix 5,13 M€
8. Chartres 4,70 M€
9. Dunkerque 4,57 M€
10. Tremblay 4,50 M€
11. Saran 4,18 M€
12. Caen 4,12 M€
13. Saint-Raphaël 4,06 M€
14. Cesson-Rennes 3,93 M€
15. Toulouse 3,81 M€
16. Sélestat 2.96 М€