Црногорски бек потпиша за Е. Пелистер 2

Во исчекување екипата на Еурофарм Пелистер да го официјализира капиталниот трансфер на Саду Нтанзи во првиот тим, стигна официјализација на трансферот на младиот црногорски ракометар Данило Гутиќ во вториот тим.

Еурофарм Пелистер 2 ќе има странски ракометар во своите редови, откако клубот се договори со десниот бек Данило Гутиќ за соработка во следната сезона.
Гутиќ е играч кој вреди да се следи во Македонија. На 18 години веќе има сериозна улога во У18 репрезентацијата на Црна Гора, висок процент на реализација и искуство од германскиот ракометен систем каде што требаше да биде дел од екипата на Штутгарт.