Младост се засили со уште еден странец

Фото: РК Младост 1977

Уште едно ново странско засилување доаѓа во екипата на Младост 1977 Богданци. По Ахмед Мајдуб и Владимир Бојаниќ, новото засилување доаѓа на позицијата лев/среден бек. Жељко Пејиќ, ракометар што игра на позициите лев и среден бек.
Младост во првото коло од Суперлигата ќе игра против екипата на Бутел Скопје и практично од првиот судиски свиреж за нив почнува битката за бодови против директните ривали.
 

ЖЕЉКО ПЕИЌ Е НОВ РАКОМЕТАР НА РК МЛАДОСТ 1977 АД БОГДАНЦИ!
РК Младост 1977 АД Богданци го затвара списокот со засилување на тимот пред големите предизвици во Суперлигата 2026/27!
Жељко Пејиќ висок 191 см – играч кој може да одговори на позициите лев и среден бек, пристигнува во Богданци со задача да донесе дополнителна цврстина во одбраната, креативност и квалитет во бековската линија.
ЛЕВ БЕК. СРЕДЕН БЕК. ДВЕ ПОЗИЦИИ – ЕДНА ЦЕЛ!
Со неговото ангажирање, Младост добива уште една опција повеќе во ротацијата и играч од кој се очекува да биде важен дел од тимот во сезоната која следува.
Добредојде во Богданци, Жељко!
Заедно ја пишуваме новата приказна!
Заедно до нови победи!
МЛАДОСТ 1977 – ЕДЕН КЛУБ. ЕДЕН ТИМ. ЕДНА СТРАСТ.