Данскиот клуб Хој Елит, клуб кој минатата сезона состави екипа од звучни имиња, а потоа испадна од најсилната данска лига, сервираше уште едно горчливо изненадување за своите фанови и целата ракометна јавност.
Хој Елит, сезонава ги доведе во своите редови Јаник Грин од ПСЖ, Ласе Андерсон од Берлин итн. Во нивниот клуб останаа и други ѕвезди како Хампус Ване, Томас Солстад, Симон Шонингсен итн.
Не им тргна ниту во понизок ранг. Во првенствен меч од второто коло во данската Прва Лига, Хој Елит како гостин беше поразен од екипата на Рекер Моле (34-37).
Мала „утеха“ и оправдување е тоа што на овој меч не настапи повредениот Ласе Андерсон.