Французите „укинуваат“ нерешено

Франција ќе експериментира во Пролигата следнава сезона со тоа што на екипите кои ќе одиграат нерешено, ќе им се даде уште една шанса да освојат бод како да победиле. Ќе изведуваат седмерци.

Француската LNH воведува т.н. „Bonus Penalty“ во ProLigue, односно второто ниво на машкиот професионален ракомет. Правилото важи од оваа сезона и само за регуларниот дел од првенството.
Ако натпреварот по 60 минути заврши нерешено двете екипи автоматски добиваат по 1 бод. Потоа веднаш ќе се изведуваат седмерци. Победникот на серијата добива уште еден бод.

Правило да се шутираат седмерци по нерешен резултат имаше и во Македонија пред повеќе од 20 години. Се покажа како лошо решение, се појави револт кај повеќе екипи и брзо беше вратен традиционалниот систем на бодување.