Вести: Браќата Симонет со пехар за крај, Динар стартуваше во Луксембург...

📷 © Creative Commons Attribution-Share Alike 4.0 International

Два месеца откако официјално се збогува со европскиот ракомет, аргентинскиот ас Диего Симонет беше повторно на терен и тој заедно со неговиот брат Себастијан Симонет го одграа последниот меч. Тие се појавија во дресот на екипата на Вила Балестер, нивниот матичен аргентински клуб и му помогнаа во големото финале да го победат ривалот Дорего (24-22) и да го освојат шампионскиот пехар во Национал „А“.

Сузана Лазовиќ го продолжи договорот останува селектор на женската сениорска репрезентација на Црна Гора најмалку до 2028 година. Целта на црногорската федерација и репрезентација е пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Француската легенда Дидие Динар од 1 септември официјално стартуваше на новата позиција – селектор на Лускембург и менаџер на машката ракометна програма и перформанси.
Во интервјуата дадени по неговото назначување (3 јули) Динар потенцира дека не барал само селекторска работа, туку долгорочен проект во кој може да изгради систем – од младинските категории, преку клубовите, па до сениорската репрезентација.
Првиот тест ќе го има на 4 ноември во Скопје, кога со екипата на Луксембург ги почнува квалификациите за ЕП 2028, а прв противник во групата е Македонија.

Денеска и утре во шпанскиот град Виго ќе се одржи ракометниот фестивал во кој главниот настан е Суперкуп Иберико во кој ќе настапат најдобрите екипи од Шпанија и Португалија минатата сезона, а тоа се Барса и Бидасоа од Шпанија и Порто и Спортинг од Португалија.

Поранешниот ракометар на Металург и на Вардар, Мијајло Марсениќ, по девет години заминува од Берлин следното лето. Тој во интервју за германски медиум потврди не само дека заминува од Берлин, туку сигурно заминува и од Германија затоа што клучно во носење на одлуката било да игра некаде каде што интензитетот не е како во Бундеслигата.
Не потврди враќање во Партизан, туку изјави дека разговара со неколку клубови околу идниот ангажман.