ГРК Охрид и Ројевиќ си пружија рака

Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид денеска имаше што да им сервира на своите фанови. Клубот ја продолжи соработката со српскиот тренер Борис Ројевиќ и тој ќе остане на кормилото на „гладијаторите“ најмалку до 2029 година.

Борис Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029!
Приказната продолжува. И сонот станува поголем.
Творецот на најголемиот успех во историјата на ГРК Охрид останува на кормилото на „гладијаторите“!
Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до 2029 година.
Заедно испишавме историја. Заедно го освоивме првиот европски трофеј. Заедно покажавме дека Охрид може да сонува и да победува големо.
Но, ова не е крајот на приказната.
Амбициите остануваат највисоки – нови трофеи, напад на шампионската титула и ГРК Охрид на местото кое го посакуваме – на врвот!
Охрид, езерото, атмосферата во клубот, полните трибини и нашите навивачи го „врзаа“ Роја за градот. А тој со својата енергија, страст и победнички менталитет стана дел од охридската ракометна приказна.
Роја останува.
Сонот продолжува.

Заедно – по нова историја!