Foto: RK Vardar 1961
ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 31-19 (18-9)
Гогов (7 одб), Фадуил 6, Митровиќ 5, Тузолана 5 – Младенов (10 одб), Симоноски 4, Дамчевски 3, Димевски 3
Актуелниот првак, екипата на Вардар 1961, очекувано, со победа ја почна суперлигашката сезона. Во премиерниот натпревар од 35 сезона во машката Суперлига, Вардар 1961 без поголеми тешкотии го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2.
Резултатот на овој натпревар беше израмнет само во воведните 7-8 минути по кои на семафорот беше 4-4. Потоа Вардар 1961 направи серија од 4-0, поведе со 8-4 и комплетно ја презема контролата врз настаните на теренот.
Гостите од Битола успеваа и во следните 10 минути да се одржуваат на оваа негатива, но по 20 минута Вардар 1961 уште еднаш влезе во подобар ритам и за пет минути резултатот од 14-9 стана 18-9, што беше и резултат на полувреме.
Серијата на домашниот тим продолжи и во вториот дел и вкупно низ бројки изнесуваше 10-0, а временски траеше околу 12 минути. Лука Ѓоргиевски го прекина постот на вториот битолски тим со гол за 10-24 во 38 минута од натпреварот.
До крајот на натпреварот не се случи ништо повозбудливо на резултатски план. Гостите во еден момент успеаја да намалат на минус 10, Вардар до крајот одново ја зголеми разликата и мечот го заврши со конечните 31-19.