Денеска на терен Алкалоид, Бутел, Прилеп...

По вчерашната премиера на новата суперлигашка сезона, на која Вардар 1961 го совлада Еурофарм Пелистер 2 (31-19), денеска на програмата се три нови натпревари од првото коло.

Точно на пладне, во Скопје ќе се сретнат екипите на Бутел Скопје и Младост 1977 од Богданци. Овие екипи играа и за пласман на прилепскиот меморијален турнир, па тренерите Столе Стоилов и Горан Андоновски веќе имаат првична слика за силата на противникот, иако вистинскиот натпревар не беше тој, таквиот епитет ќе го има денешниов меч. Двата тима имаат изменети состави, а Бутел Скопје и нов концепт, па ќе биде интересно да видиме како ќе почне нивната приказна.

Речиси истото се однесува и за екипите на Прилеп и Куманово. Прилеп ја има фаворитската улога денеска, базирано на резултатите од подготовките и домашниот терен. Овој меч почнува во 18:30 часот, а во исто време во скопска Автокоманда, натпревар ќе играат двата тима од македонскиот проект, Алкалоид и Мулти Есенс. Првиот состав е изразит фаворит и очекувањата се сигурни два бода за екипата што ќе ја предводи Кирил Лазаров.

СУПЕРЛИГА 1.КОЛО
ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2  31-19 (18-9)

САБОТА, 5 СЕПТЕМВРИ
12:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – МЛАДОСТ 1977
18:30 ПРИЛЕП – КУМАНОВО
18:30 АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС

НЕДЕЛА, 6 СЕПТЕМВРИ
18:30 СТРУГА – ГРК ТИКВЕШ
19:00 ГРК ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР