Тибо Брие се враќа на терен

Photo: IHF/International Handball federation

Најдобриот ракометар на Нант, Тибо Брие порано од предвиденото е пред враќање на терен и тој ќе биде дел од екипата на првиот натпревар во новата сезона за гостувањето кај Тромбле.
Не е комплетно фит, станува збор за постепено враќање и останува отворено прашање колку ќе игра и дали ќе биде спремен за натпревар на 16 септември кога во второто коло од Лигата на шампионите, Нант ќе гостува во Скопје.
Тибо Брие се повреди на 6 август и мораше да оперира прст на раката. Најавеното враќање беше меѓу 6 и 12 недели и сосема извесно пропуштање на натпреварот во Скопје, но по само 4 недели тој одново е во тимот.