Рогановиќ ја „освои“ Бундеслигата

Photo: IHF/International Handball Federation

Новиот ракометар на Гумерзбах, Никола Рогановиќ (20) ја одигра својата партија na кариерата досега. На дерби натпреварот од третото коло во Бундеслигата меѓу екипите на Гумерзбах и Мелсунген, Рогановиќ ги засени сите на теренот, а го остави во сенка и братскиот двобој меѓу Алекс и Даниел Душебаев (двајцата постигнаа по еден гол).
Никола Рогановиќ блескаше на овој меч и постигна 16 гола, но во целата приказна се издвојува уште еден неверојатен детал. Девет од овие 16 гола, Рогановиќ ги постигна еден по друг до 14 минута, кога резултатот беше 10-8. Натпреварот заврши нерешено 31-31.
Никола Рогановиќ е син на старо-новиот селектор на Црна Гора, Зоран Рогановиќ, но тој одбра за игра за репрезентацијата на Шведска и како дел од кадетската репрезентација стана освојувач на ЕХФ Еуро 2024 и МВП играч на турнирот.