ВЕСТИ: Пехар за Барса, нов играч во Берлин, деби на Хориха...

Екипата на Барса го совлада тимот на Спортинг од Португалија со 39-34 во финалето на Суперкуп Иберико, натпреварување на кое учествуваат двете најдобри екипи од Шпанија и од Португалија од претходната сезона. Годинава се одржа во градот Виго, шпански претставници беа Бидасоа и Барса, а од Португалија дојдоа Спортинг и Порто. Ова беше петто издание на Суперкуп Иберико и досега сите пет пехари ги освои тимот на Барса.

Екипата на Фуксе Берлин доби зелено светло за реализација на трансфер. Емерик Зепфел, француски бек кој игра за екипата на Екс Прованс беше нивната цел. Според менаџерот на Берлин, Биб Хенинг, тој е идеалното решение за пополнување на празнината по заминувањето на Ласе Андерсон. Договорот е до крајот на сезоната. Потоа во Берлин доаѓа Симон Питлик, а Запфел од претходно е поврзуван за трансфер во Нант.

Данскиот тим Хој Елит се соочува со можно губење на бодови поради неодработена суспензија на голманот Јаник Грин од пред 12 години.

Шведскиот бек Никола Рогановиќ постигна 16 гола на мечот со Мелсунген (31-31) од кои девет беа по ред во првите 14 минути. Мелсунген по четири дена на домашен терен ќе го пречека Вардар 1961 во првото коло од Лигата на шампионите.

Потенцијалниот македонски репрезентативец, Димитро Хориха постигна четири гола во првата победа на ПИК Сегед во првенството на Унгарија. Сегед со 32-27 го победи тимот на Ѓер.

Македонскиот голман Мартин Томовски, попладнево, освен што ќе го брани голот на Битинхајм, ќе го брани и за враќање на провото место на листата на топ голмани во Бундеслигата. Томовски со 27 одбрани по два натпревара е на третото место со осум одбрани помалку, но и еден меч помалку од моменталниот лидер Давид Шпет од РНЛ.

Македонскиот интернационалец Димитар Узунчев не беше во составот на Целје и во второто коло од словенечкиот шампионат во кој неговиот тим запиша победа над екипата на Шкофљлица (40-33). Узунчев добил удар за време на тренинг по Суперкуп натпреварот и сѐ уште не е 100% фит за настап.