Седмица зад Томовски и второ место меѓу Топ голманите

Бундеслигата е во полн замав и по само десетина дена од почетокот, одиграни се три кола. Во најсилната лига на светот годинава има еден Македонец, голманот Мартин Томовски кој брани за екипата на Битигхајм. Македонскиот репрезентативен голман имаше седум одбрани на натпреварот од третото коло во Бундеслигата во кој неговата екипа Битигхајм беше поразена на домашен терен од екипата на Лемго (29-36). Ова беше втор пораз на Битигхајм по загубениот дуел со Кил во второто коло.
Мартин Томовски, по три кола на листата на Топ голмани сега е на второто место со 34 одбрани, една помалку од моменталниот лидер Давид Шпет од екипата на Рајн Некар Ловен. Тие двајца се единствените голмани во Бундеслигата што имаат двоцифрен просек на одбранети удари по три комплетирани кола.
По три дена, Битигхајм ќе игра уште еден меч, на гостински терен кај екипата на Ајзенах.