Стартува ЛШ, ТВ преноси ќе има

Неделава ќе стартува и реновираната ЕХФ Лига на шампиони во која по неколкугодишна пауза, Вардар 1961 ќе се врати во елитата и ќе ја претставува Македонија. 
Лигата на шампионите годинава повторно ќе биде со 24 екипи што ќе бидат поделени во групи од по четири тима. Сме гледале во минатото ваква Прелиминарна фаза, новитет е што екипите што ќе испаднат во првата и втората фаза од Лигата на шампионите, нема да бидат сосема елиминирани, туку продолжуваат во елиминациите на ЕХФ Европската лига, па сигурно ќе гледаме долга европска сезона на црвено-црните. 

Екипата на Вардар 1961 е во групата со екипите на Нант, Мелсунген и Висла Плоцк, каде што на хартија е најслаборангиран. Но, Вардар 1961 состави компетитивна екипа која може да победи секого во оваа група, особено кога ќе игра на домашен терен. 

Првиот натпревар на Вардар 1961 е на гостински терен против екипата на Мелсунген. Натпреварот ќе се игра во Касел, Германија во четврток со почеток од 20:45 и ќе биде директно пренесуван на ТВ Арена Македонија. Два часа претходно, ќе биде пренесуван и натпреварот од групата „А“ меѓу Партизан и Фуксе Берлин што ќе се игра во салата „Александар Николиќ“ во Белград, сала засега е попозната по старото име - „Пионир“.