Алборг ги мерка ѕвездите на Кил и Магдебург

Ракометната шпекулација што денеска, во пресрет на стартот на Лигаа на шампионите ја загреа ракометната сцена доаѓа од Данска.
Според последните трансфер муабети, двајца познати ракометари се жешка тема во Алборг. Тоа се Елијас Елефсен а Скипаготу од Кил и Феликс Клар од Магдебург.
Договорот на Скипаготу со Кил завршува во 2027, а на Клар со Магдебург во 2028. Ако оваа тема се развие во конкретна понуда, тогаш и нивните клубови ќе играат улога. Но и во двата случаи, може да се насети дека се ближи крајот на соработката меѓу Алборг и германскиот репрезентативец Јури Кнор.