ВЕСТИ: Падна првото трансфер домино, Веспрем купува во Сегед, Биелецки се враќа во Келце...

Најавата дека екипата на Алборг е заинтересирана за Елијас Елефсен а Скипаготу од Кил и/или за Феликс Клар од Магдебург е првото домино што падна ќе предизвика реакција кај повеќе екипи во преодниот рок за следната сезона во кој веќе се запишани трансфери на врвни топ ракометари (Дика Мем, Мартим и Кико Кошта, Симон Питлик).
Потрагата на Алборг по нов бек е поврзувана со заминување на германскиот репрезентативец Јури Кнор. За него, неофицијално веќе има заинтересиран топ клуб. Пари Сен Жермен почнува да крои состав по инструкции на Гарсија Парондо, а наводно Јури Кнор е на врвот на листата на можни засилувања.

Тим Сутон, ракометарот на Лемго се соочува со подолго отсуство од ракометните терени. Германскиот репрезентативец со хрватски корени се повреди на натпреварот со Фленсбург. Се работи за повреда на коленото која во прв момент изгледаше сериозно и дополнително се очекуваат информации за типот на повредата и начинот на кој ќе биде санирана.

Екипата на Веспрем би можела да се засили со ракометар кој би дошол од редовите на нивниот најголем ривал – Пик Сегед. Австрискиот интернационалец Себастијан Фримел (30) кој игра на позицијата лево крило наводно е ракометарот кој Веспрем го посакува во своите редови.

Легендарниот поранешен полски ракометар, Карол Биелецки е назначен за претседател на најуспешниот полски клуб – Киелце. Во својата кариера, сега 44 годишниот Биелецки во два наврата беше играч на Келце. Првиот пат од 2004 до 2007, а потоа од 2012 до 2017 и беше дел од шампионскиот тим во ЛШ во 2016 година. Кариерата ја заврши две години подоцна, во 2018.