Вести: Старт на Прва лига, како котира Томовски по четири кола...

Денеска стартуваат натпреварите од македонската Прва Лига. Во оваа конкуренција годинава ќе игра Пролет кој се откажа од настапот во Суперлигата и дебитантот на ракометната сцена – Сокол Саса. Во првото коло се среќаваат следниве екипи:

ПРВА ЛИГА – МАЖИ | 1. КОЛО
Сабота, 12 септември

РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино — 19:30 часот
РК Драчево Јуниор – РК Радовиш — 18:00 часот
РК Аеродром – ГРК Овче Поле 1958 — 19:00 часот
Недела, 13 септември
ГРК Преспа 2025 – РК Текстилец УГД — 19:00 часот
РК Сокол Саса – РК Партизан 2016 Спорт — 18:30 часот
РК Јехона – РК Македонија Ѓорче Петров — 19:00 часот

Мартин Томовски имаше седум одбрани на гостувањето кај Ајзенах во натпреварот од четвртото коло во Бундеслигата кој неговиот тим го загуби со резултат 25-31 (14-14).
По четири кола, Мартин Томовски има вкупно 41 одбрана и понатаму е на второто место меѓу Топ голманите во Бундеслигата. На првото место е Давид Шпет од Рајн Некар Ловен со 51 успешна одбрана.

По 12 години минати во странство, хрватскиот десен бек Симе Ивиќ се враќа назад во Хрватска. Ивиќ мина години во Бундеслигата, играше и за Мешков Брест, а негов последен клуб беше Олимпијакос. Во продолжението на сезоната Ивиќ ќе биде големото засилување за екипата на Трогир.

Црногорскиот шампион и член на Регионалната лига, РК Ловќен продолжува со засилувањето на ростерот за новата сезона. Најново име во составот на тимот од Цетиње е 24-годишниот српски голман Предраг Мијатовиќ, кој пристигнува од Динамо Панчево.