Познат распоредот за „Трофеј Македонија“, на стартот со Србија

Почнуваат подготовките за Европското првенство на македонската репрезентација, под водство на новиот селектор Игор Марковиќ. Во „Неделата на ЕХФ“ во Македонија ќе пристигнат познати имиња и тоа во Охрид кој ќе биде домаќин и на второто издание на обновениот ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“.
Турнирот ќе се одржи од 24 до 26 септември, а ќе настапат четири женски сениорски репрезентации што ќе учествуваат на претстојното Европско првенство 2026.

Во спортската сала „Билјанини Извори“ љубителите на ракометот во текот на трите натпреварувачки дена ќе имаат можност да проследат вкупно шест натпревари. Покрај домаќинот Македонија, на турнирот ќе настапат и репрезентациите на Србија, Црна Гора и Хрватска.

Ракометната федерција на Македонија го потврди распоредот на натпреварите на турнирот. Македонската репрезентација турнирот ќе го отвори на 24 септември, кога од 18:00 часот ќе се сретне со Србија.
Ден подоцна, на 25 септември од 17:30 часот, Македонија ќе игра против Црна Гора, додека последниот натпревар на турнирот за македонската селекција е закажан за 26 септември од 19:00 часот против Хрватска.

Распоред на натпреварите на Трофеј Македонија:
24 септември:
16:00: Хрватска – Црна Гора
18:00: Македонија – Србија

25 септември:
15:30: Хрватска - Србија
17:30: Македонија – Црна Гора

26 септември:
17:00: Србија – Црна Гора
19:00 часот: Македонија – Хрватска