Ракометниот караван сезонава тргнува од Струга

Ракометната федерација на Македонија продолжува со проектот „Ракометен Караван“, прв во новата ракометна сезона. Овој пат овојпат ракометната приказна ќе оди во Струга, каде што ќе бидат познати имиња од македонската ракометна сцена – Марио Танкоски, Теодора Гулицоска и Гоце Ојлески. Тие ќе го споделат своето искуство, а РФМ најави и специјален гостин. 
Настанот ќе се одржи на 25 септември во СЦ „Тими“ од 12:00 до 14:00 часот.