-
19.9.2026
-
Македонски ракомет
РК АЛКАЛОИД – МРК КУМАНОВО 37-21 (16-9)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Душко Камишевски:
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Николовски, Тордарсон 5, Сухолежник, Стојковиќ 3, М. Митев 3, Ѓоргиев, Велковски 1, Николов 5, Цехте, Костески 3, Петковски 5, Д. Митев, Борзаш 3, Ѓорговски 3
Седмерци: 5/8 Исклучувања: 8 мин.
МРК КУМАНОВО: Младеновиќ, Цавејски, М. Трајковски, Г. Трајковски 2, Мечкароски, Димитров 1, Вујичевски, Костов 9, Цветковски, Стојановски 2, Новаковски, Цветковски, Гичев 3, Мохамед Алу, Радван Ибрахим, Омар Радван 4
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 10 мин.
Алкалоид ја оправда фаворитската улога и на домашен терен го совлада Куманово, стигнувајќи до третата победа во новата првенствена сезона.
Кумановци имаа добар почеток и долго време му парираа на домаќинот. Иако Алкалоид имаше водство уште од стартот, гостите беа во игра до 23. минута, кога резултатот гласеше 10-8.
Следуваше серија на Алкалоид и првото посериозно одвојување. Ѓорговски двапати и Митев еднаш погодија за предност од 13-8, со што домаќинот направи разлика која до крајот на полувремето дополнително ја зголеми. На пауза се замина со 16-9.
Во вториот дел Алкалоид без поголеми проблеми ја одржуваше контролата над резултатот. Предноста постојано беше во рамките од шест до седум гола, а во 41. минута домаќинот стигна и до +9 (21-12).
Во финишот Алкалоид продолжи да ја зголемува разликата и на крајот убедливо го освои целиот плен.