Одриосола ги скина вкрстените лигаменти во Скопје!

Фото: Екипа.мк

Гостувањето во „Јане Сандански“ во Скопје во второто коло од Лигата на шампионите беше кобно за шпанскиот ракометар Каулди Одриосола. Ракометарот на Нант заработи повреда на дуелот со Вардар 1961 и не го доигра натпреварот, а лекарските прегледи што следеа покажаа дека се работи за скинат преден вкрстен лигамент на коленото.

Оваа „ракометна“ повреда се санира со операција и најчесто значи пауза од околу шест месеци. Според медиумските информации во Франција, Нант веќе размислува за активирање на опцијата „медикал џокер“ и ангажман на нов ракометар на позицијата десно крило, кој ќе игра заедно со Лука Периќ, кој сезонава пристигна во клубот.