Од олимписките терени до улога зад репрезентацијата, Лидија Хорват ќе биде дел од првиот женски ракометен форум

Поранешната хрватска репрезентативка зад себе има долга и богата меѓународна кариера, настапувајќи за клубови како Локомотива Загреб, Подравка, Будуќност и Мец. Со Подравка освои повеќе шампионски и куп-титули во Хрватска, а со репрезентацијата настапуваше на бројни европски и светски првенства. Еден од најголемите моменти во нејзината кариера беше настапот на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, каде Хрватска стигна до четвртфиналето.

По играчката кариера Хорват остана во ракометот. Денес е технички менаџер на женската сениорска репрезентација на Хрватска, функција што ја презеде во 2024 година.

Лидија Хорват е уште еден пример дека искуството стекнато на теренот може да има важна улога во развојот на следните генерации.