Висла Плоцк нуди богатство за Небојша Симиќ

Фото: Max Petershans / CC BY-SA 4.0 / Wikimedia Commons

Топ тема во ракометните медиуми денеска е информацијата што ја објави германскиот весник „Билд“, а се однесува на понудата што наводно полскиот клуб Висла Плоцк ја испратил за ангажман на голманот на Мелсунген, Небојша Симиќ.
Црногорскиот голман има важечки договор со Мелсунген до 2029 година, но Полјаците се подготвени да платат отштета на клубот, а на ракометарот му нудат речиси двојно повисока плата.
Тука приказната станува поинтересна. Според информациите на „Билд“, Небојша Симиќ во Мелсунген заработува 18.000 евра. Месечната плата што му ја нуди Висла Плоцк е 30.000 евра што е околу 67 отсто повисока.
Мелсунген исто така добро би заработил доколку се согласи да го ослободи Симиќ од договорот. Сумата за отштета е најмалку 500.000 евра.
Екипите на Висла Плоцк и Мелсунген, сезонава играат во иста група од Лигата на шампионите со македонскиот првак Вардар 1961. Црвено-црните го одиграа својот меч со Мелсунген како гости, а во следното коло ќе ѝ гостуваат и на Висла Плоцк.