Јапонија и Бахреин без грешка пред СП 2027 и дуелите со Македонија

Photo: Felix Walker

Двата противника на Македонија во прелиминарната рунда на СП 2027, репрезентациите на Јапонија и Бахреин успешно стартуваа на Азискиот шампионат што се одржува во Нагоја, Јапонија.
Јапонците се во групата со Кина, Хонг Конг и Катар и досега запишаа победи над Кина (31-27) и Хонг Конг (44-17), а во петок ќе се сретнат со Катар кој е предводен од поранешниот македонски селектор и тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ. Уште една репрезентација од оваа група е предводена од поранешен селектор на Македонија, а тоа е Кина на чија клупа е Драган Ѓукиќ.

Репрезентацијата на Бахреин, пак, е во групата со екипите на Јужна Кореја, Кувајт, Иран и Казахстан. Тие славеа победи над Кореја (30-21), Иран (34-20) и Казахстан (43-20).
Репрезентација на Македонија против репрезентацијата на Јапонија ќе игра во Магдебург, во првото коло на мундијалот, на 15 јануари. Два дена подоцна ќе игра и против репрезентацијата на Бахреин.