Марковиќ со победа дебитираше на клупата на Македонија

Македонија победнички стартуваше на турнирот „Трофеј Македонија“, а новиот селектор Игор Марковиќ запиша победа на својот деби меч. Македонија играше добро, го контролираше натпреварот, покажа борбен дух и добра координација и конечно запиша убедлива победа.

Селекторот беше задоволен од тоа што го виде од својот нов тим:
Можам да кажам дека сум задоволен од борбеноста на екипата, задоволен сум и од енергијата на девојките на теренот. Што се однесува до самата одбрана се беше ок, знам дека имаме многу простор за напредок. Што се однесува до нападот, јасно ми е дека не може веднаш да се примени се што работиме во првите четири пет тренинзи заедно. Дури кога ќе мине некое време ќе знам дали ракометарките го прифатиле она што го барам на начин на кој што го сакам тоа или ќе треба нешто да менуваме“, истакна селекторот.

Македонија утре ќе игра против екипата на Црна Гора, а на последниот ден од турнирот против Хрватска.