-
25.9.2026
-
Македонски ракомет
Ива Младеновска одигра добар натпревар против репрезентацијата на Србија во воведното коло на турнирот „Трофеј Македонија“. Постигна четири гола, од кои некои беа многу атрактивни и ја креваа публиката на нозе.
По натпреварот, Младеновска ги подели своите први импресии од работата со новиот селектор и првиот натпревар на „Трофеј Македонија“.
„Мислам дека ова е многу добар почеток за нас и момент што ни дава добра мотивација за понатаму. Имаме нов селектор, сè уште се прилагодуваме, сите работи ни се нови, но мислам дека со овој нов систем можеме да направиме многу успех.
Имаме квалитет, отсекогаш сме имале квалитет, треба да веруваме во себе и со работа може да постигнеме многу. Очекуваме добри натпревари со Црна Гора и со Хрватска, но и Србија има квалитет. Покажавме дека можеме да играме со секого. Имаме добра конкуренција на овој турнир, но мислам дека нема некоја преголема разлика меѓу сите екипи“, изјави Младеновска.
Македонија денеска од 17:30 часот ќе игра против репрезентацијата на Црна Гора, а претходно, од 15:30 часот, ќе се сретнат репрезентациите на Србија и Хрватска.