Убедлива победа на Хрватска против Србија

СРБИЈА – ХРВАТСКА 28-15 (9-13)

Репрезентацијата на Хрватска ја совлада селекцијата на Србија во второто коло од Трофеј Македонија, убедливо со  13 гола разлика.
Хрватските ракометарки до победата дојдоа со убедлива игра во второто полувреме. Во првиот дел, двата тима беа резултатски блиску, со тоа што ракометарките на Ивица Обрван имаа подобар финиш и на одмор заминаа со предност од четири гола.
Во вториот дел, видовме комплетна доминација на хрватските ракометарки кои предноста од четири гола ја зголемија на конечните 28-15.