МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА 25-22 (14-9)
Репрезентацијата на Македонија приреди мини сензација, ја совлада Хрватска и го освои второто место на Трофеј Македонија. Победник на турнирот њ Црна Гора која во драматичен финиш со пресврт и гол во последната секунда денеска славеше над Србија.
Првото полувреме што репрезентацијата на Македонија го одигра на натпреварот со Хрватска, беа најдобрите 30 минути на нашата селекција на турнирот во Охрид.
Со постава која играше во два правца, одбрана 5-1 со додадена вредност на голманот Петковска, македонскиот тим го неутрализираше нападот на Хрватска и експресно ја презема контролата и поведе со 3-0, потоа и 5-1.
Тука се воспостави рамнотежа, но разликата од три до четири гола беше актуелна низ текот на целото прво полувреме. Македонија прв пат поведе со пет гола разлика со погодокот на Кипријановска (10-5), поѕоа водеше и 12-7, а разликата ја одржа до крајот на првиот дел (14-9). Второто полурвеме беше спротивност на првиот дел.
Хрватска играше одлична одбрана, македонскиот напад немаше решение и по само шест минути на семафорот беше 14-13. За освојување на победничкиот пехар, на Хрватска и беше потребна каква и да е победа над Македонија со оглед на постигнатите резултати. Настаните добија тек што водеа кон таков расплет, па селекторот Игор Марковиќ во 38 минута при резултат 15-14 побара тајм аут.
Се разгоре борбата, се разбуди и публиката, а Македонија со два гола по ред стигна до водство од 17-14 во 42 минута. Две минути подоцна беше 17-16 и неизвесноста одново беше вратена на семафорот. Израмнувањето, прво на натпреварот беше регистрирано во 50 минута, кога Хрватска ја казни играта 7 на 6 и погоди празна мрежа за 20-20. Пресврт немаше. Македонија постигна два гола поред и поведе со 21-19 и имаше напад што дојде како резултат на промашување на празен гол од Хрватките.
Веднаш потоа, Сара Ристовска од пенал погоди за 22-19 и го принуди селекторот Ивица Обрван да побара тајм аут.
Драмата почна во 59 минута кога Македонија погоди празна мрежа за водство од 23-22 и потоа успеа да се одбрани. Џатевска под закана од пасивна игра биеше прецизно од тешка позиција и Македонија поведе со 24-22 на точнo 32 секунди до крајот. Хрватска повторно погреши, Македонија постигна нов гол и запиша победа од 25-22.
Најдобар стрелец на турнирот е Сара Ристовска, а МВП на турнирот црногорската репрезентативка Ивана Савиќ.