Томовски со 16 одбрани го измачи германскиот шампион

Германскиот шампион Магдебург немаше голем проблем да ги освои бодовите во првенствениот натпревар против екипата на Битигхајм (33-24). Но, ракометарите на Магдебург имаа голем проблем на натпреварот со македонскиот голман Мартин Томовски, кој го бранеше голот на Битигхајм.

Мартин Томовски имаше 16 интервенции на овој натпревар и беше најмаркантната фигура во гостинскиот состав, без разлика што тоа не беше доволно натпреварот да има поинаков тек.

Со овие 16 интервенции додадени во личната статистика, Мартин Томовски и натаму е на второто место на ранг-листата на голманите во Бундеслигата, со вкупно 69 одбрани на шест натпревари. На првото место и натаму останува Давид Шпет, но разликата меѓу нив се намали и сега изнесува само осум одбрани. Разликата, пак, се зголеми меѓу Мартин Томовски и голманот на Кил, Андреас Волф, кој е на третото место и сега изнесува 14 одбрани.